Започна едукативен проект „Стоп на говорот на омраза“ за средношколците
Гостивар, 21 ноември 2022 (МИА) – Со предавања за надминување на предрасудите и воздржување од говор на омраза во средното медицинско училиште во Гостивар, започна проект што го спроведуваат полициски службеници од СВР Тетово крајот на ноември ќе бидат опфатени над три илјади второкласници во 13 училишта низ полошкиот регион.
Од СВР Тетово информираат дека на гостиварско подрачје започна превентивно-едукативниот проект „Стоп на говорот на омраза“, чиј носител е Отсекот за превенција во Секторот за внатрешни работи Тетово, во координација и соработка со ОБСЕ.
Овој проект, освен во гостиварските средни училишта, ќе се реализира и на тетовското подрачје, а вкупно ќе бидат опфатени над 3.200 ученици од втора година кои следат настава на македонски, албански и турски јазик.
– На посебни часови, стручно обучени полициски службеници ќе ги запознаат учениците што претставува говорот на омраза, како да се препознае и како да се превенира, не само на училиште, туку и во нивното слободно време, на социјалните мрежи и секаде каде ќе се пројави и со неговите општествено негативни карактеристики и крајни последици, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.
На учениците, ќе им биде објаснето како да се воздржат и надминат предрасудите и стереотипи во кои е содржан говор на омраза и други форми на девијантно однесување на младите.
згм
Коментарите се затворени.