Млад возач направил карамбол, оштетени три возила и тројца повредени

Гостивар, 20 декември 2022    Помлад жител на гостиварско Речане предизвикал сообраќајна несреќа во населбата Млаки при што едно лице задобило скршеница на главата, а две други полесно се повредени.

Според СВР Тетово, ноќеска (20 декември) половина час по полноќ, била пријавена  сообраќајна несреќа која се случила во гостиварската населба Млаки.

Во неа учествувало патничко моторно возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од С. С. (25) од гостиварско Речане. Од засега неутврдени причини, возилото удрило во две паркирани товарни моторни возила со гостиварски ознаки „форд“ и “фиат“.

– Во несреќата, сопатникот од „мерцедесот“ И.Б.(23) од Гостивар се здобил со тешки телесни повреди, а другите два сопатника Ф.Ш.(20) и Љ.И.(21) од Швајцарија телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, наведуваат од СВР Тетово.

На местото на несреќата  бил извршен увид за да се утврдат причината и околностите под кои дошло до немилиот настан.

Коментарите се затворени.