Известување по повод прославата на празникот „БОГОЈАВЛЕНИЕ-ВОДИЦИ“
Гостивар, 8 јануари 2023 Во пресрет на традционалното одбележување и прослава на христијанскиот празник “БОГОЈАВЛЕНИЕ-ВОДИЦИ“ во Гостивар, иницијативниот одбор објави известување и покана:
Со благослов на неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско_Гостиварски г.Јосиф.
ИЗВЕСТУВАЊЕ до сите Православни верници при Македонска Православна Црква, Охридска Архиепископија, Тетовско Гостиварска Епархија, Гостиварско Архиерејско Намесништво.
Се известуваат и покануваат сите православни Христијани, заедно да ја продолжиме оваа света и вековита традиција по повод големиот Христијански празник “БОГОЈАВЛЕНИЕ-ВОДИЦИ“. На ден 19.01.2023 год (четврток), од голема исклучителна важност е во што поголем број да се собереме пред Соборниот Храм на Пресвета Богородица од каде ќе се организира литија.
Церемонијата започнува во 11:30 ч од пред храмот Пресвета Богородица, по што учесниците во литијата ќе се упатат кон кејот на реката Вардар, каде што ке се одржи чинот на осветување на богојавленската вода и полагање на Светиот Крст во водите на Вардар
Со Почит: Иницијативен одбор „ВОДИЦИ 2023 -Храм Пресвета Богородица“.
Коментарите се затворени.