Денес е „син понеделник“- најдепресивен ден во годината
Гостивар, 16 јануари 2023 Официјално, понеделник, 15. јануари е прогласен за најдепресивниот ден во годината, кој инаку се нарекува „Син понеделник“. Обично тоа е третиот понеделник од почетокот на годината. Почеток на уште една работна недела. Празничната еуфорија спласнува. Ги добиваме првите овогодишни сметки, а во минус сме поради празничните трошоци. Веќе гледаме дека новогодишните ветувања кон себе се тешко остварливи. Сѐ ова заедно, според стручните лица, го прави денешниот ден најтмурен во годината.
Кој и како го одредува ова? Верувале или не дојдено е со математичка формула.
Датумот е „одреден“ од страна на психологот Клиф Арнал. Тоа, по правило, е третиот понеделник во јануари и е наречен син понеделник (blue monday). Формулата со која е дојдено до тој заклучок во 2005 година ја претстави психологот Клиф Арнел, и таа гласи: [W + (D – d)] x TQ / M x NA.
Притоa, W = временските прилики, D = долгот, d = платата, T = времето кое минало од Божиќ, Q = времето минато од пропаднатите обиди да направиме нешто за себе, M = нивото на мотивација и NA = потребата да тргнеме во акција.
Причините за депресијата се целосно објективни. Досега сите сме си ги прекршиле нашите новогодишни ветувања за промени. Телото ни е изморено од декемвриско- јануарските гозби, а паричниците ни е страв и да ги отвориме.
Освен тоа, утрата се многу мрачни, а сонцето кое и онака излегува подоцна, потоа тешко се пробива низ облаците, поради што имаме недостиг од витамин Д.
Тоа го потврдуваат и бројни анкети, во кои луѓето се согласуваат дека ова навистина е многу лош ден за расположението и човековата психа.
Затоа денеска, на пример, некои маркети во Велика Британија бесплатно делат овошје на своите купувачи во периодот од 15:30 до 17:30 часот, за барем малку да им го разведрат денов.
Коментарите се затворени.