Православните христијани денес го слават крштевањето на Исус

Гостивар, 19  јануари 2023    Денес, православните христијани го слават празникот Богојавление Водици, кој според календарот на МПЦ ОА е посветен на крштевањето на Исус Христос.

На овој ден како дел од традиционалното одбележување во реките се положуваат крстови, верниците влегуваат и се обидуваат да го фатат. Постои уверување дека на оној што ќе му се посреќи да го фати крстот, во текот на годината ќе го следи среќа.

Откако Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан, православните христијани овој чин го сметаа за духовно раѓање и воведување во верата. Според црквата на Водици (големиот водосвет) водите стануваат лековити.

Овој празник има долга традиција во гостиварско и се одбележува во речиси сите населени места. Од возобновувањето (2015 година) масовно одбележување има и во градот. Па така и годинава, иницијативниот одбор „ВОДИЦИ 2023-Храм Пресвета Богородица“ го организира празнувањето.

Церемонијата започнува во 11:30 ч од пред храмот „Пресвета Богородица“, по што учесниците во литијата ќе се упатат кон кејот на реката Вардар, каде што ќе се одржи чинот на осветување на богојавленската вода и полагање на Светиот крст во водите на Вардар.

Минатата година, во вадењето на крстот од Врадар, највешт беше Виктор Угриноски

Коментарите се затворени.