Амбасадорката Агелер од Гостивар порача: Приорити на Македонија се уставни измени и борба против корупцијата.
Гостивар, 24 јануари 2023 Уставни измени за побрзи Евроинтеграциите на земјава и борбата против корупцијата се најважните приоритетите според амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер кои ги соопшти на панел дискусија „Ајде да зборуваме за предизвиците и иднината на Северна Македонија“, што се одржа во Центарот за млади и заедницата.
Во одговорот за воведуавње на санкции кон лица кои се вмешани во коруптивни зделки, амбасадорката Агелер смета дека САД наметнале санкции затоа што тоа од најдобар интерес на САД, бидејќи како што нагласи тоа се очекува од нив како суверена нација и одредени луѓе не смеат да влезат во САД.
– Сфативме дека санкциите без разлика дали се работи за политичари или за бизнисмени, можат да бидат многу ефективни и охрабрувачки, тие ги тераат луѓето да бидат многу попретпазливи отколку што биле, бидејќи санкциите на САД се сериозни и може да имаат долготрајни последици, подвлече амбасадорката.
Според неа санкциите ќе поттикнат подобро однесување, дека заканата од и ставањето на „црна листа“ ќе ги натера избраните функционери, функционерите во министерствата во оваа земја, наставниците, здравствените работници да постапуваат правилно, да си ја вршат работата со интегритет, бидејќи ако не го прават тоа така, може да се соочат со последици.
Во врска со евроинтеграции на Македонија, еден од учесниците праша кои на кои „тешки одлуки“ мисли кога посочува дека треба да ги донесат нашите политичари да го прецицизира одговорот.
Амбасадорката потенцира дека тешката одлука сега е да се направи потребниот избор да се придвижите кон ЕУ.
– Знам дека е тешко, но треба да се усвојат уставните измени, што знам дека не е баш омилен и популарен чекор, но е неопходен за чекор напред. Пратениците треба да гласаат за уставните промени, за државата да може да се придвижи напред со дискусиите и процесот за интеграција и пристапување кон ЕУ. Според мене, тоа е клучно, бидејќи таму лежи успешната иднина на оваа земја, рече Агелер
Таа нагласи дека е запозната со партиски ставови на пратениците, дека имаат гласачи, дека се одговорни кон нив, но смета дека ова е во најдобар интерес на Северна Македонија и на тоа мисли кога ја споменува „тешката одлука“.
Во САД се разгледуваат соодветни санкции за поединци кои ги прекршиле американски закони и норми прекршиле, веројатно во претстојните месеци ќе видиме едно или можеби неколку имиња. Прашањето се однесуваше на објавувањето на список на корумпирани функционери во Македонија и на тоа дали некои лица се под истрага на американската влада и институции
-Нема само еден список. Всушност, има неколку бидејќи американската влада има неколку сектори кои се занимаваат со корупцијата и не е единствен список што доаѓа со многу имиња на него и тука да ја завршиме работата. Бидејќи, корупцијата тука е тековно прашање, не е дека ќе излезе некаков список и работата ќе престане, рече Агелер.
Коментарите се затворени.