Лишено од слобода лице осомничено за пет кражби во куќи
Гостивар, 27 јануари 2023 (МИА) Полицијата привела лице осомничено дека извршило пет кражби во куќи во Гостивар.
Според СВР Тетово, полициски службеници на ОВР Гостивар, вчера (26 јануари) околу 13 часот и 30 минути на улица „Илинденска“ во Гостивар го лишиле од слобода З.С. (47) од гостиварско Чегране.
– Тој се сомничи дека во текот на овој месец извршил пет кражби во куќи во Гостивар. Задржан е во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок, наведуваат од СВР Тетово.
згм
Коментарите се затворени.