Пожарникарите кои учествуваа во спасување во Турција ќе бидат предложени за награди
Гостивар, 20 февруари 2023 Гостиварските пожарникарите кои неодамна заминаа да помагаат во справувањето со последиците од земјотресот во Турција, ќе бидат предложени за награди. Овој предлог на градоначалникот Арбен Таравари наскоро ќе се најде на седница на Советот на општина Гостивар.
Делегација составена од екипата за пребарување и спасување и вработени во Територијалната противпожарната единица денес беа на прием во кабинетот на првиот човек на општина Гостивар.
Градоначалникот, Арбен Таравари се запозна со нивниот напредок и тешкотии во текот на мисијата, на што тој во име на граѓаните на Гостивар им се заблагодари за подготвеноста и решителноста да бидат на ниво на ниво на задачата.
Во разговорот со членовите на тимот кој беше испратен во повеќедневна мисија во Источна Турција, првиот човек на општината напомена дека на наредната седница ќе предложи тие да добијат финансиска награда за покажаната пожртвуваност.
згм
Коментарите се затворени.