Почина молер, паднал од скали при работа
Гостивар, 21 февруари 2023 Повозрасен маж од гостиварско Неготино бил донесен во ургентното одделени на болницата во безживотна состојба. Тој претходно паднал од скали додека изведувал молерски работи во куќа.
Од СВР Тетово информираат дека вчера (20 февруари) околу 15 часот во СВР Тетово пријавено е дека во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ бил донесен починат М.С. (67) од Неготино-Полошко. Според пријавеното, тој паднал од скала додека изведувал молерски работи.
Според првичните сознанија, тој додека бил качен на алуминиумски скали изгубил рамнотежа и паднал врз степениците во внатрешноста на куќата во која работел со уште едно лице. Набрзо по падот, била повикана брза помош, која констатирала тешки повреди и повредениот бил пренесен во гостиварската болница.
Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар, а по наредба на Јавен обвинител телото на М.С. му е предадено на семејството.
Коментарите се затворени.