Осомничени и приведени три лица за дрвокрадство

Гостивар, 23 февруари 2023 Три лица се лишени од слобода откако биле осомничени за недозволена сеча на дрва во атарот на Горна Бањица. Неофицијално групата исекла близу сто стебла и планирале да транспортираат и продадат како огревно дрво. Полицијата работи на расчистување на случајот.

Според СВР Тетово, полициски службеници од ОВР Гостивар, вчера (22 февруари) околу 15 часот ги лишиле од слобода Ј.С.(22) и Ф.С.(19) од Гостивар и Џ.З.(24) од гостиварска Горна Бањица.

Тројцата се сомничат дека извршиле „пустошење на шума“ во месноста „Бунар“, атар на Горна Бањица, каде биле пресечени поголем број стебла.

– Ј.С. бил фатен на самото место, а Ф.С. и Џ.З. биле лишени нешто подоцна во непосредна близина на местото. Тројцата се задржани за расчистување и документирање на случајот, наведуваат од СВР Тетово.

Пронајдените дрва и возило предадени му се на Јавното претпријатие Национални шуми-Шумско стопанство „Шар“ од Гостивар.

згм

Коментарите се затворени.