Дивље Јагоде го објавија спотот за „Крени кишо“/Kreni kišo (ВИДЕО)
Гостивар, 23 февруари 2023 Отскоро на 106,4 (Radio G) се врти еден новитет со наслов „Крени кишо“ на рок бендот Дивље Јагоде. За овој, инаку четврт сингл од претстојниот албум објавен е видеоспот кој во оваа прилика го промовираме. Минатата година имавме можност често да ги слушаме претходните три синглови „Plave noći bez tebe“, „Zašto ranije nisi došla“, „Vanilla i znoj“.
Нашите пријатели „Croatia Records“ ни испратија инфо за новиот спот за песната чиј автори се Фајо/Fayo (текст) и Сеад Зеле Липовача фронтменот на „Дивље јагоде (музика, аранжман и продукција).
Координираниот и докажан тандем Тони Јанковиќ и Ливио Берак, по нумерите „Ulica na lošem glasu“ и „Plave noći bez tebе“, по трет пат докажа дека два сосема различни вокали можат да работат совршено.
Зеле отворено кажува што мисли и го коментира новото дискографскo издание на бендот.
„Не постои правило како и кога да се издаде нов студиски албум, без тој да ги исполни сите очекувања. Без разлика дали е зима, лето, пролет или есен, мислам дека е сосема неважно, како и размислување за тоа колку синглови треба да бидат издаден пред албумот. Повеќето бендови снимаат еден или максимум два сингла, додека само мал број проекти имаат повеќе од два сингла пред да издадат нов албум“.
А што содржи спотот и каква порака и заплет има објаснува режисерот на видеото и клавијатурист во бендот, Дамјан Деуриќ:
„Спотот е постапокалиптична steampunk дистопија сместена во мрачна верзија на иднината, од која често се плашиме во последно време. Симболиката на часовникот без стрелки (како продолжение на видеата „Sama si“ i „Ulica na lošem glasu“) ја подвлекува темата на песната „Kreni kišo“ како вечно прашање за минливоста на животот“.
Коментарите се затворени.