Промовирана збирка раскази на Осман Демири

Гостивар, 7 мај 2023 (МИА) – Збирка со дваесетина раскази на Осман Демири „Назад во минатото“ (Kthimi në të kaluarën), синоќа беше промовирана пред гостиварската публика и љубители на пишаниот збор во Ај кен центарот (iCan) во Гостивар.

Демири кој на пошироката јавност ѝ познат како фотограф и филмски работник на промоцијата кажа дека со пишување се занимава од раната младост, но како што нагласи, сега дојде време да ги објави приказните од детството и претставува своевидна носталгија за минатото.

– Тоа е периодот на моето детство, она што денес му недостасува на еден млад човек, дете во ова време и простор како резултат на технологијата. Денешните деца не знаат да играат, не играат во двор, ја немаат и онаа љубов кон родителите како ние порано. Сето ова што недостасува, ме турна во минатото и го ставив на хартија, рече Демири.

За делото и книгата зборуваа режисерот Сулејман Рушити и поетот Љуљзим Хазири, а извадоци од книгата читаше актерот Елмир Сејфулаи.

Книгата „Назад во минатото“ (Kthimi në të kaluarën) е независно издание и ја рецензираше Сабина Дарова која писателка која живее и твори во Италија, а ја уреди поетесата Розафа Шпуза. Издавањето на првата прозна книга на Осман Демири е потпомогнато од Министерството за култура.

Демири е роден во Куманово во 1965 година, а повеќе од три децении твори во Гостивар на полето на уметничката фотографија и филмот. Работи како професор/предавач на Државниот универзитет во Тетово.

згм

Коментарите се затворени.