Комеморативен собир во чест на загинатите бранители Александар Николиќ и Даил Јанкоски

Гостивар, 26 август 2023 (МИА) –  Со комеморативен помен собир на влезот од населбата Циглана утрово беа одбележани дваесет и една година од загинувањето на полициските резервисти, Александар Николиќ и Даил Јанкоски.

Претставници на ОВР Гостивар, Македонскиот полициски синдикат, здружението на бранители, локалните ограноци на политичките партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, роднини и пријатели на загинатите во спомен и слава на загинатите, на местото на погибијата положија цвеќе и запалија свеќи. Свештеници од архиерејско намесништво одржаа опело за покој на душите, а присутните со минута молчење им оддадоа почит на загинатите.

Гостиварците Николиќ и Јанкоски, ги загубија животите додека беа должност на полициски пункт ноќта на 26 август во 2002 година. Според наводите од истрагата беше утврдено дека кон нив пукале непознати лица со автоматско оружје од автомобил што се движел. Во настанот еден уште еден резервист беше ранет и го преживеа нападот.

По иницијатива на здруженијата на бранителите и полициски синдикат пред десететина години на објектот што е непосредно до местото на трагичниот настан е поставена спомен-плоча.

Коментарите се затворени.