Фатени на дело: Вработени краделе нафта од камиони на јавно претпријатие
Гостивар, 12 септември 2023 – Две лица се уапсени откако биле фатени „на дело“ при кражба на гориво од камиони сопственост на јавното претпријатие во кое биле вработени.
Според информациите од на СВР Тетово, синоќа (11 септември) околу 21 часот во Маврови Анови, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Д.С.(52) и С.М.(55), двајцата од Куманово.
– Тие биле затекнати како од две возила оставени на паркинг на јавно претпријатие во кое работеле, со гумени црева извлекувале, односно одземале гориво од резервоарите. Кај нив биле пронајдени и одземени 7 пластични канти со гориво и две гумени црева, наведуваат од СВР Тетово.
Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе им бидат изготвени соодветни пријави.
Коментарите се затворени.