Средношколци од ОСТУ учествуваа на обуки во Грција за климатски промени преку ЕРАЗМУС +
Гостивар, 4 октомври 2023 – Две групи ученици од Општинското средно техничко училиште Гостивар (ОСТУ) учествуваа на обуки посветени на климатските промени преку програмата ЕРАЗМУС+ што се организираа во соседна Грција. Седумина ученици беа дел од обука на проект на тема „Размислувај Зелемо/Think Green со уште четриесетина други врсници во “Ниси” кампот во Raches Fthiotidos, Грција, од 21 септември до 2 октомври. Претходно, група од шестмина ученици од 7 до 19 септември учествуваа на проектот „Кошмар/Nightmare“ на истото место во Грција.
Покрај нашите претставници, во обуките беа вклучени и млади од Турција, Грција, Бугарија, Чешка, Италија, Литванија, Србија, Хрватска и Романија. Главната цел на двата проекти е подигнување на свесноста кај младите за ефектите од климатските промени и глобалното затоплување и нивно намалување.
Radio G ги посети учениците во ОСТУ по нивното враќање и низ разговор ги споделија впечатоците од двете обуки.
– Ние сме група на мотивирани ученици кои сакаме да ја обезбедиме иднината на нашата планета. Секој треба да придонесе, да помогне да се спречи глобалното затоплување. Стопирањето е во наши раце, па затоа ние ги здруживме рацете против климатските промени, користејќи ги методите кои ги научивме на обуките. Го подигнавме знамето за акција и мораме да се погрижиме за нашата иднина, рекоа учениците
Тие учествувале во акција за собирање отпадоци и пластична амбалажа која е предадена на рециклирање, а имале и презентација за проектот во ОСТУ и ги пренеле искуствата на своите соученици.
– Ова е само мал чекор за подигнување на света кај граѓаните на нашиот град, и ќе продолжиме и понатака со нови еко-акции. Од обуките и организацијата сме презадоволни, исто како и од фасилтаторите Аугуста и Ифигенија, од директорот на проектите Гианис Акритидис, благодарни сме им за прекрасните незаборавни искустава и за стекнатите нови пријателства од земјите учесници. Благодарни сме и на професорката Илина Миноска која не одбра за овој проект, добро нé подготви и несебично нé подржуваше пред и во текот на прокетот, појаснија учениците.
Освен за методите за справуавње за справување на климатскиот феномен, овие ученици за време на престојот во кампот имаа можност да научат повеќе за темата, за работи кои не ги знаеле и да учествуваат во серија работилници за да знаат како да се справат во слични ситуации и да да најдат решенија.
Покрај, ова тие стекнуваа добри и корисни навики: чистење и собирање одпадоци на плажите, одржување на чиста околина, приготвување на храна, но и спортуваа и се забавуваа во исто време.
За време на обуките се организираа интеркултурните вечери на кои секоја држава имаше своја презентација. Нашите ученици успешно ја промовираа нашата земја со презентација на нашите убавини, со храна од македонски производи и со народни ора. Покрај главениот организатор на обуката Образовната организација SHARP MINDS од Грција и директорот на Проектот Гианис Акритидис, партнер беше и Волонтерски Центар Скопје, а координаторот на проекти од училиштето беше професорката Илина Миноска.
Коментарите се затворени.