Панел дискусија „Прегледај се, превенирај, заштити се!“ откривањето на карциномот во рана фаза е важно за успешно лекување.
Гостивар, 25 октомври 2023 – На вечершаната панел дискусија која организираше хуманитарното здружение на граѓани „д-р Трајче Нешковски“, стручни лица беше укажано на важноста од рано откривање на злокобната болест, а како израз на хуманост обезбедија 35 бесплатни мамографски прегледи за жени од гостиварскиот регион.
На панелот со тема „Прегледај се, превенирај, заштити се!“, како дел од активностите за подигање на свеста за борба против ракот на дојка заменик министерката за здравство Маја Манолева посочи дека од овој месец се спроведува новата национална скрининг програма за превенција на карцином на дојка. Со новините се спушта возрасната граница на жените кои до скоро требаше да имаат навршено педесет години па да добијат можност за преглед.
Манолева напомена дека во министерството се работи на подобрување на здравствениот систем и се спроведува новиот протокол за упатување на жените за прегледи на дојка што го изработи националната комисија за рана детекција и скрининг во соработка со „Мој Термин“. Според неа откривањето на карциномот во рана фаза и кога нема симптоми е важно за да се пристапи кон успешно лекување.
– Со новиот протокол жените добиваат упат за преглед, доколку има индикација и на едно место да ги добијат сите потребни прегледи и спроведат сите процедури на едно место. Истиот ден, пациентката добива извештај или упат за повисок ниво на здравствена заштита, рече заменик министерката Манолева.
Од новитетите кои се воведуваат со новата програма, покрај воведувањето на иновативна биолошка терапија, со новата национална скрининг програма за превенција на карциномот на дојка има промена и на возрасната граница која од досегашните 50 е спуштена на 45 години. Дополнително е предвидено и за жените кои имаат семејна анамнеза и се на возраст од 40 до 44 години да можат самоиницијативно да се пријават за скрининг програмата.
Таа најави дека со новиот тренд на набавка на нови и софистицирани апарати во јавното здравство и Гостивар може ќе добие мамограф.
Покрај Манолева, на панел дискусијата за важноста од водење на поголема грижа за здравјето и почести самопрегледи и редовни прегледи, како клучен сегмент во борбата против карциномот на дојка, зборуваа хирургот Неџати Јакупи и директор на Универзитетска клиника за торакална и васкуларна хирургија, д-р Љубица Анастасиеска, спец. рендгенолог и гинеколозите Александар Велјаноски и Софија Трајковиќ
Од хуманитарното здружение на граѓани „д-р Трајче Нешковски“ кои го организираа настанот најавија дека како израз на хуманоста и солидарност во текот на „розевиот месец“ ќе ги покријат трошоците и обезбедија 35 ваучери за бесплатни мамографски прегледи Центарот за рендген дијагностика USA Гостивар.
Коментарите се затворени.