79 години СЛОБОДЕН ГОСТИВАР: Академија, изложба и културна програма за 18 Ноември

Гостивар, 15 ноември 2023 – По повод на ослободувањето на Гостивар 18 Ноември, во петок и сабота предвидени се низа активности за одбележување на 79-годишнината од овој настан.

Организацискиот одбор во поканата до граѓаните наведува дека одбележувањето ќе започне во петок (17.11.2023) со музичка и сценска изведба „Децата и младите за Гостивар“ во големата сала на ХЕС „Маврово, каде од 12 часот ќе настапат децата од градинките и ученици од основните и средните училишта од градот.

По повод Денот на ослободувањето на градот, во Центарот за култура АСНОМ (18:30) ќе биде отворена изложба со фотографии „Гостивар во времето на НОАВМ до денес“, по што ќе биде одржана свечена академија и пригодна музичка програма.

Годинешното одбележување на 18 Ноември ќе биде заокружено со оддавање почит на загинатите во Втората светска војна и положување на свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОАВМ во градскиот парк во 11 часот. Активностите се влезени во годишната програма на локалната самоуправа за одбележување и празнување на настани.

 

Коментарите се затворени.