На болницата ѝ се потребни опрема и нови вработувања
Гостивар, 16 ноември 2023 – Заменик министерката за здравство Маја Манолева при работната посета на општата болница „Ферид Мурад“ оствари средба со директорот Илбер Адеми на која било разговарано за потребите на најголемата здравствена установа во општина Гостивар. Како приоритетни биле вработување на нови медицински лица, набавка на мамограф и на некои одделенија.
Директорот Адеми рече дека во моментов имаат потреба од 25 вработувања но и за нови специјализации, а во моментов се чека на одобрување од одобрение од Министерството за финансии.
– Станува збор за десет лекари, десет медицински сестри, тројца физиотерапевти, рендген технолог и биохемичар. Потребни ни се и нови специјалисти, бидејќи наскоро неколку лекари веќе исполнуваат услови за пензија и потребна е нивна замена, изјави Илбер Адеми, директор на болницата во Гостивар.
Заменик министерката Манолева не кажа директно кога ќе има нови вработувања, туку само рече дека е информирана за барањата на болничката управа и дека сите тие ќе бидат анализирани и соодветно ќе се постапи.
При посетата на болницата, Манолева се запозна и со вложувањата направени во изминатиот период во гостиварската болница: санирање на покривот, одводот за атмосферските води кои го поплавуваат подрумскиот и делот на приземјето, реновирањето на невро-психијатриско одделение и користењето на новата медицинска опрема.
Коментарите се затворени.