Таравари на увид на работите во Беловиште
Гостивар, 17 ноември 2023 – Делегација од општина Гостивар предводена од градоначалникот Арбен Таравари го посети селото Беловиште каде се спроведуваат неколку проекти и зафати во инфраструктурата.
Градоначалникот се сретна и со дел од локалните жители со кои поразговара за нивните барања и потреби. Покрај уредувањето на улиците во училишниот двор уредено е и детско катче, опремено со реквизити за реакреција и забава на најмладите.
– Освен за тоа што се рааботи сега, со жителите разговаравме за идните проекти и за она што досега е реаализирано. Во селото во моментов се работи на поплочување на три улици чија вкупна должина е околу 800 метри со бехатон-плочи. Позначајно е што ќе се обезбеди подобра комуникација со селото Лакавица по падините на Лопушник. Во тек е подготовка на теренот за асфалтирање на делницата долга од речиси еден километар, рече градоначалникот Таравари.
Коментарите се затворени.