Ања Рупел се враќа на концертната сцена!

Гостивар, 20 декември 2023 – Една од поп иконите на новиот бран позната како вокалистка на групата „Видеосекс“ и по нејзнината самостојна кариера, словенчеката пејачка Ања Рупел повторно е во фокусот. Таа неодамна премиерно ја изведе својата нова концертна програма во СиТи театар БТЦ во Љубљана со гостинка Тинкара Ковач, како специјално изненадување.

Публиката уживаше во незаборавните хитови на Видеосекс но и од нејзината самостојна кариера, како и некои словенечки пејачки. Таа за прв пат во живо ќе ја изведе и новата песна што „Срце веќе ја знае„ (Srce že ve).

Рупел, сепак се враќа на музичката сцена со нова песна со која го најавува албумот со новите верзии на нејзините најголеми хитови, кои ги направи заедно со Алеш Клинар и Миха Горшет, каде ќе има и сосема нови песни. Ања Рупел е поп-икона. Ја освои Југославија со Видеосекс и остана во аналите како секси мачка на њу вејв сцената. Во Словенија, покрај музиката, остави белег и на медиумската сцена: сè уште е музички уредник и глас на првата програма на Радио Словенија, на Поп ТВ беше заштитно лице на емисиите „Поп партија“ и „Ѕвезди пееа“ ( со Петер Полес) но и „Видеогром, кој го водеше со Перо Ловшин.

Во Македонија публиката ја памети по дуетите со Тоше Проески („Крајње вријеме“) и со Хари Варешановиќ од групата Хари Мата Хари („Не лажеш ме ти“), кои оставија белег и на регионалната сцена. Минатата година заедно со Зоран Предин настапи и во распродадената сала „Лисински“ во Загреб, како и во Белград. За дуетот со Тоше смета дека е врв во нејзината кариера.

 

фото: Лидија Матаја

Коментарите се затворени.