Љуљзим Османи избран за претседател на регионалната занаетчиска комора Гостивар
Гостивар, 26 декември 2023 – На синоќешната седница на основачкото собрание, делегатите го избраа Љуљзим Османи за претседател на Регионална занаетчиска комора-Гостивар со четири годишен мандат. Османи беше единствениот кандидат, за кого беше кажано дека вложил големи напори да го оспособи делувањето на комората и да го ослободи од напластените долгови кои го блокираа делувањето. Тој едногласно беше поддржан од присутните делегати. Во наредниов период ќе се формираат и останатите органи на комората.
– Османи вложи напор и успеа да го среди проблемот со долговите од речиси 50 илјади евра. Новото раководство ќе работи на заживување на комората, бидејќи таа им е потребна на занаетчиите. Се надевам дека во иднина сите членови ќе имаат каде да се обратат за правна, стручна помош и друга помош и ќе функционира многу подобро. Ви иднина нашите членови ќе добиваат и поддршка при поднесувањето на барања за кредити, грантови, рече Драган Јовановски член на претседателството РКЗ Гостивар.
Покрај претседател на комората беа избрани новите делегати на собранието и во него има претставници и од општините Гостивар, Кичево, Врапчиште и Маврово-Ростуше. Меѓу приоритетите на новото раководство ќе биде зголемување на бројот на членови, кој како што беше кажано во дискусиите изминативе години драстично се намалил.
Според последниот попис во регионалната комора на занаетчии има 495 членови. (345 се од Гостивар, 133 од Кичево, 10 од Врапчиште и 7 од Маврово-Ростуше. Мандатот на новото раководство на занаетчиската комора Гостивар ќе трае до декември 2027 година.
згм
Коментарите се затворени.