Пет лица осомничени за разбојништвото кога беа украдени половина тон марихуана
Гостивар, 28 декември 2023 – Пет лица се уапсени под соменине дека извршиле разбојништво во фабриката за производство на канабис во атарот на гостиварско Чегране и беа украдени над половина тон марихуана. Од полицијата информираат дека по еден месец со преземените дејства успеале да приберат докази и го расчистиле настанот.
Од СВР Тетово информираат дека Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар, по преземени мерки и активности и обезбедени материјално – технички докази во содејство и координација со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, СВР Охрид, ОВР Струга и ОВР Дебар целосно го расчистија разбојништвото извршено на 26-ти ноември годинава во фабрика за производство на канабис за медицински цели во гостиварско Чегране.
– Завчера и вчера (26.12 и 27.12.2023) полициските службеници лишија од слобода пет лица на кои до Основното јавно обвинителство Гостивар им поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво“. Кривично се пријавени Н.И.(39) од Дебар, Н.Р.(29) и Г.С.(36) од Струга и гостиварците Р.Б.(32) и Г.Б.(18), наведуваат од СВР Тетово.
Оваа петчлена група се сомничи дека на 26-ти минатиот месец околу 22 часот и 30 минути физички го нападнале вработениот во обезбедувањето на фабриката во Чегране, а потоа заканувајќи му се со огнено оружје го врзале, по што од просториите на правното лице одзеле 44 вреќи со вкупно 552, 85 килограми канабис.
Коментарите се затворени.