Благодарници за брачниот пар Јакупи и ММА борецот Дехари
Гостивар, 28 декември 2023 – За постигнатите резултати и промовирање на Гостивар, во знак на благодарност гостиварскиот градоначалник организираше прием на каратистот Берат Јакупи и неговата сопруга, естрадниот уметник и продуцент на Јуниор фест, Бетиме Зилали Јакупи. Благодарница му беше доделена и Камбер Дехари кој пред две недели се закити со „шампионскиот појас“ и титула светски шампион до 80 кг во ММА на WKU.
Во разговорите во градоначалничкиот кабинет, гостите потсетија на резултатите кои ги постигнале изминатава година. Бетиме Зилали Јакупи, која е директорка на основното музичко училиште во Гостивар на пошироката јавност и е позната и победничкиот настап на Нота фест и еден од организаторите на „Јуниор ФесТ – Гостивар. Еден од најуспешните спортисти на градот годинава со градоначалникот Таравари ја сподели радоста за освоените титулите RMV шампион и балкански вицешампион.
ММА борецот Камбер Дехари на приемот дојде со тренерот Гоце Димитриевски и покрај благодарноста за укажаната чест го претставија работењето на клубот „Протектор-Долчино“ и вложениот труд да се постигне ваков резултат. ДЕхари и Димитриевски кажаа дека овој успех е значаен и како за градот, така и за државата.Дехари на последниот турнир на 16 декември на WKU федерацијата во Швајцарија стана Светски шампион во ММА.
Коментарите се затворени.