Божиќна програма за 2024 година во Гостивар
Гостивар, 5 јануари 2024 – Гостиварското архијерејско намесништво по повод претстојните празници ги информира православните верници дека предвидена БОЖИЌНА ПРОГРАМА ЗА 2024-ТО ЛЕТО ГОСПОДОВО. Таа ќе започне утрово на празникот Св. Наум Охридски Чудотворец 8:00 часот со Царски часови за Рождеството Христово во храмот „Св. Петка“
Традиционално, празнувањата ќе продолжат за Бадник (6 јануари) со утрена со Златоустова литургија во 8 часот во соборниот храм Успение на Пресвета Богородица, по која предвидено тргнувањето на Бадниковата поворка. Истиот ден, во 17 часот на Бадник ќе има вечерна богослужба. Вечерта во 19 часот ќе биде извршено осветување на бадниковите гранчиња, палење на бадниковиот оган по што ќе биде приреден огномет на градскиот плоштад.
На Божиќ (7 јануари – недела) во 8.30 часот во соборниот храм ќе започне утрена со света Архиерејска Литургија со која ќе чиноначалствува надлежниот епархиски митрополит Тетовско – гостиварски г. Јосиф.
На 8 јануари (понеделник) на празникот Собор на Пресвета Богородица со почеток во 7 часот ќе биде отслужена утрена со Литургија на Св. Јован Златоуст. На 9 јануари од 7 часот со литургија на Св. Јован Златоуст ќе започне и празнувањето на Св. Архиѓакон Стефан (Св. Стефан).
Коментарите се затворени.