Православните христијани го слават крштевањето на Исус Христос Богојавление-Водици
Гостивар, 19 јануари 2024 Денес, православните христијани го слават празникот Богојавление Водици, кој според календарот на МПЦ ОА е посветен на крштевањето на Исус Христос. На овој ден како дел од традиционалното одбележување во реките се положуваат крстови, верниците влегуваат и се обидуваат да го фатат. Постои уверување дека на оној што ќе му се посреќи да го фати крстот, во текот на годината ќе го следи среќа.
Овој празник има долга традиција во гостиварско и се одбележува во речиси сите населени места. Од возобновувањето (2015 година) масовно одбележување има и во градот. Па така и годинава, иницијативниот одбор го организира празнувањето.
Церемонијата започнува во 11:30 ч од пред храмот „Пресвета Богородица“, по што учесниците во литијата ќе се упатат кон кејот на реката Вардар, каде што ќе се одржи чинот на осветување на богојавленската вода и полагање на Светиот крст во водите на Вардар.
Минатата година светиот крст го фати Роберт Исаиловски
Коментарите се затворени.