Лани најмногу казни за неисправни возила, пребрзо возење и под дејство на алкохол

Гостивар, 1 февруари 2024 –  Во текот на минатата година полициските службеници откриле и санкционирале  вкупно 8.826 прекршоци кои биле регистрирани низ сообраќајниците низ Гостивар и околината, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во овој период, поради констатирани прекршоци пропусти и недостатоци, од сообраќај се исклучени 5.467 како и 478 возила.

Значителен број од исклучените возачи (535) биле поради тоа што ги управувале нивните возила под дејство на алкохол.

Казни им се пишани и на 937 возачи (ТЕ-2961 и ГВ-937) кои ја пречекориле максимално дозволената брзина во и надвор од населено место. Межу нив поголем број за над 50 и 70 километри на час, посебно на автопатот Гостивар-Тетово.

– Продолжуваме со контролни активности во чие средиште се брзината, управувањето под дејство на алкохол, недавање предност на пешаци, непрописно престигнување и друго. Целта е навреме да се откријат и отстранат од сообраќај технички неисправните возила, пребрзите возачи и оние кои непрописно престигнуваат или ги управуваат возилата без положен возачи испит или под дејство на алкохол, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

 

згм

Коментарите се затворени.