Од сообраќај исклучени 18 пијани возачи

Гостивар, 3 февруари 2024 – Полицијата со несмален интензитет и динамика продолжува со мерки и активности за поголема сообраќајна безбедност по патиштата. Вчера и денеска (2/3 февруари) од 22 до 4 часот спроведе уште една акциска контрола на возачите  – дали и колку од нив ги управуваат возилата под дејство на алкохол.

– При контролата откриени и санкционирани се вкупно 18 возачи (ТЕ-14 и ГВ-4) кои ги управувале возилата под дејство на алкохол, од кои кај најголемиот број (10) биле измерени до еден промил алкохол во организмот, односно крвта, а кај 2(ТЕ) до два промили алкохол, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Сите возачи – прекршители веднаш се исклучени од сообраќај, на 13 времено им се одземени возачките дозволи и изготвени им се соодветни поднесоци со парични глоби, кои за овој вид прекршок се движат од 225 до 375 евра во денарска противвредност.

 

Коментарите се затворени.