Намален притисок и можни прекини во водоснабдувањето
Гостивар, 8 февруари 2024 – Намален притисок и на одредени локации и кратки прекини во водоснабдувањето најавуваат од ЈП „Комуналец“. Во соопштението појаснуваат дека во тек се активности за пуштање во употреба на новиот резервоар во селото Здуње.
– Ги известуваме граѓаните дека денес (08.02.2024) поради пуштање во употреба на новиот резервоар можно е да дојде до намалување на притисокот или привремен прекин на водоснабдувањето. Од овие причини очекуваме да наидеме на разбирање од граѓаните, наведуваат од ЈП „Комуналец“.
Новиот резервоар е изграден со финансиска поддршка на Швајцарскиот секретаријат за економска поддршка – SECO. Овој зафат е еден од низата проекти за подобрување и модернизација на инфраструктурата на водоводната и канализациската мрежа во Гостивар. Новиот резервоар треба да обезбеди оптимален притисок на вода за пиење во текот на целата година.
Коментарите се затворени.