ХЗ „Д-р Трајче Нешковски“ донираше реквизити за училницата за деца со попреченост во ООУ „Гоце Делчев“

Гостивар, 9 февруари 2024 – Хуманитарното здружение на граѓани „д-р Трајче Нешковски“ придонесе во опремувањето на училницата во ООУ „Гоце Делчев“, наменета за ученици со попреченост. Најновата донација е реализирана под мотото „Дарувај, дете израдувај“.

– Нашата цел е да креираме средина која ќе ги стимулира дечињата да се развиваат и растат. Се надеваме дека нашите можности и во иднина ќе ни дозволуваат да помагаме секаде каде што има потреба. Освен ова сакаме да ги поттикнеме останатите здруженија, компании и граѓани да придонесуваат во градењето на инклузивно и еднакво општество за сите, изјави Петко Јовицоски, претседател на здружението.

 

Реквизитите и играчките кои се дел од донацијата ќе бидат од корист при развивање на фината моторика и други способности преку креативна игра.Слична ваква донација здружението реализира неодамна со целосно опремување на училница за деца со попреченост во ООУ „Мустафа Кемал Ататурк“.

Коментарите се затворени.