Soundcheck сними нова песна, наскоро ќе објават и видеоспот
Гостивар, 22 февруари 2024 – Гостиварскиот поп-рок состав Soundcheck сними нова песна. За синглот со наслов „Сенки и спомени“ се подготвува и видео спот кој наскоро ќе биде објавен.
Песната е снимана во GreenRoom Sound Studio, музичката работилница на Дамир Пух кој беше задолжен за продукцијата и миксот.
За тоа како настанала песната, појаснуваат од гостиварскиот квартет:
„Идејата за песната започна од акустична снимка што ја имавме како импровизација од пробите кои ги одржувавме“. Потоа му ја испративме на Дамир кој создаде одличен инструментал и од тука се роди целата идеја за нов проект на Soundcheck и GreenRoom Sound Studio„
Во авторскиот потпис на новиот сингл на Soundcheck(Саундчек) стои музика: Soundcheck/Дамир Пух/Наташа Миха, текст: Soundcheck/Наташа Миха, аранжман: Дамир Пух. Наскоро третиот сингл „Сенки и спомени“ ќе биде промовиран и на Radio G во „Во за прв пат на радио“.
Коментарите се затворени.