Младинско првенство во шах 2024: Аврамоски, Нухиу и Аталко најуспешни
Гостивар, 9 март 2024 – Четириесетина основци од гостиварските основни училишта учествуваа на Младинското првенство во шах 2024 кое го организираа шаховскиот клуб Гостивар и локалната самоуправа. Најуспешен беше Александар Аврамоски, второто место го освои Ирсал Нухиу, а третото Берат Аталко.
Во холот на средното техничко училиште младите шахисти ги покажаа своите знаења во игра на црно-белите полиња во забрзан шах. Најуспешните се стекнуваат со можност да настапат на Државното првенство. Овој натпревар беше и своевидна селекција на младите шахисти кои би настапиле и екипното натпреварување.
– Основната идеја на турнирот е промоција на шахот и откривање на таленти меѓу учениците од основните училишта кои во иднина би се приклучиле на шаховскиот клуб како играчи, но да ја популаризираа шаховската игра , рече Воислав Мерџаноски од ШК Гостивар.
Турнирот го следеа и претставници на шаховската федерација на РСМ, меѓу кои беше и потпретседателот, Агим Шемшиу
Гостивар минатата година беше една од општините кои учествуваа во проектот за федерација „Шахот во училиштата“ и го применува шахот како наставен предмет во некои основни училишта.
Коментарите се затворени.