Скапа брзина: Возач на „порше“ фатен на радар со 207 км на час

Гостивар, 15 март 2024 – Сообраќајците фатиле на радар возач кој на излезот од Тетово се движел со брзина од 207 километри на час. Запрен е и врачена му е „честитка“ од 400 евра.

Вчеравечер од 20 до 22 часот, полициски службеници на тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај спровеле акциска контрола за санкционирање на возачите кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната со користење на таканаречениот „ноќен радар“.

– При контролата биле констатирани вкупно 7 пречекорувања на максимално дозволената брзина. Едно од пречекорувањата  регистрирано на автопатот Скопје – Тетово, кај клучката Север на влезот во Тетово, било најголемо, а измерената брзина изнесувала 207 километри на час. На возачот на патничкото моторно возило „порше“, С.Е. од Република Косово, кој поседувал швајцарска возачка дозвола, изготвен му е поднесок и ќе се соочи со парична глоба од 400 евра.

 

Коментарите се затворени.