Таравари упати честитка по повод Меѓународниот ден на ромската заедница
Гостивар, 8 април 2024 (МИА) – Кандидатот за претседател и градоначалник на општина Гостивар во честитката по повод 8-ми април Mеѓународниот ден на Ромите кажа дека Гостивар е единствениот град во светот каде се вее ромското знаме. Кандидатот за претседател од редовите на ВЛЕН (Вреди), Арбен Таравари во честитката напомена дека ромската заедница е важен дел од општеството во Северна Македонија.
– Денес е меѓународен ден на ромската заедница. Општина Гостивар е единствената општина во светот каде што се вее ромското знаме. На сите членови на оваа заедница им посакувам пријатен и добар празник, напиша Таравари во честитката до ромската заедница.
Во соопштението до јавноста се наведува дека честитките на Арбен Таравари до ромската заедница и поддршката што ја покажува како градоначалник се јасен израз на неговата посветеност на етничката различност и хармонија во земјата.
згм
Коментарите се затворени.