Полицијата исклучи од сообраќај неисправни возила на комунални фирми

Гостивар, 9 април 2024 – Вчерашните контроли на полицијата открија повеќе возила кои се технички неисправни и истечена важност на сообраќајна дозвола. Од СВР Тетово информираат дека вчера (08-април) во период од 11 до 16 часот, биле контролирани возила и возачи од јавни комунални претпријатија и правни лица кои вршат јавни услуги на гостиварското подрачје.

– При контролата биле откриени и санкционирани 13 прекршоци. Две возила биле со неисправни уреди за сопирање, 3 возила со помината важност на сообраќајна дозвола. Технички неисправните возила се исклучени од сообраќај, а против возачите односно правните и одговорните лица биле поднесени соодветни законски поднесоци. При контролата биле констатирани и санкционирани и 4 останати сообраќајни прекршоци, вели Фатмир Реџепи од СВР Тетово.

Реџепи го повтори апелот до возачите и сопствениците на возилата од јавни комунални претпријатија и правни лица кои вршат јавни услуги, навремено да ја контролираат техничката исправност на возилата. На тој начин, вели портпаролот на СВР Тетово, ќе придонесат за личната безбедност и безбедноста на патниците кои ги превезуваат во јавниот превоз, како и другите учесници во сообраќајот.

згм

Коментарите се затворени.