Ликовна колонија на млади сликари за 15 април Светскиот ден на уметноста

Гостивар, 15 април 2024 – Десетина средношколци кои имаат талент за сликање создаваа дела на градскиот плоштад како дел од дводневната ликовна колонија. Настанот го организираше одделот за ликовна уметност при Центарот за култура „АСНОМ“

Луљета Усеини, координатор на одделот, појасни дека оваа активност се организира втора година и има мултиетнички карактер. Темата за творење беше слободна, а младите автори се користеа со повеќе сликарски техники.

– По повод Светскиот ден на уметноста, ја организираме оваа мултиетничка колонија со ученици од средното техничко (ОСТУ) и економско училишта (СОЕУ). На плоштадот, младите уметници со нивните наставници пред сограѓаните ги создаваат нивните дела, рече Љулјета Усеини.Таа потврди дека овие деца се многу креативни и талентирани за цртање, но им треба поддршка и стимулација. Овој проект финансиски е поддржан од Министерството за култура.

.

Коментарите се затворени.