Пендаровски: Не направивме исчекор кон ЕУ заради сопките на опозцијата
Гостивар, 17 април 2024 (МИА) – Следниот чекор кој ни е многу битен кон ЕУ не гo направивме само затоа што главната опозициска партија почна пред две и пол години да става сопки на патот на Македонија, рече кандидатот за претседател Стево Пендаровски во обраќањето на митингот во Гостивар.
Тој се осврна состојбите во кои се носеле одлуки и за делувањето на владејачката гарнитура.
– Можевме и подобро. Меѓутоа во овој меѓународен контекст со ваква внатрешна опозиција која не знае кои се државни интереси на Македонија, верувајте ми беше многу тешко да се постигне повеќе од ова. Со вакви опструкции внатре, со такви опструкции однадвор со војна на континентот и дека до овде можеме да дојдеме немаше да веруваме, рече Пендаровски.
Тој зборуваше и за политичките конкуренти, кои како што рече се претставуваат за најмакедонска и најпатриотска партија и нивните намери по изборите и поништување на меѓународните договори.
– Кога ќе ги прашате што после тоа поништување, велат повторно ќе почнеме да преговараме. Имате ли гаранции дека некој од надвор да ве поддржи и повторно го преговарате и да доведете до исход кој е добар за народот, а за граѓаните, за државата.? Немаат. Тие немаат ниту еден меѓународен пријател и затоа кога доаѓаат пред вас ви кажуваат дајте ни власт и од утредента ќе ги кажеме какви се нашите планови, нагласи кандидатот за шеф на државата.
Пендаровски од гостиварци ја побара довербата на претстојните избори, бидејќи како што нагласи, не ги дели луѓето на наши и ваши.
Пендаровски по говорот одговораше на прашања од граѓанит. Тој за на прашањето за ветинг судиите, обвинителите, но и на политичарите напомена дека ќе иницира проверка на нивните имоти со кои се стекнале додека биле на позиции.
„Да видиме дали некој само живеел само од плата или несразмерно го зголемил својот имот. Ако билo така, не само што треба да ги врати парите туку и да оди во затвор“
Одговарајќи на прашање од граѓаните како ја коментира контрадикторноста на изјавите на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени, тој потсети на изјавата на пратеникот во германскиот парламент Питер Бејер и член на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ.
„Значи има и друг парадокс, идентитечен со овој. Пред четири години противкандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ во јавен настап рече дека сите што го потпишале Преспанскиот договор треба кривично да одговараат. Пред некој ден ја објавија нејзината изборна програма во која со големи букви пишува дека НАТО е гарант за безбедноста на Македонија. А НАТО без Преспа не бидува. Значи, лажење без усул. Не им личи на годините на сите тие што ги имаат поминато во политиката. Да мислиш дека луѓето се недоветни и дека нема да те провалат што зборуваш“, рече претседателскиот кандидат поддржан од СДСМ
Коментарите се затворени.