„Отворен ден“ на СЕОУ – Гостивар: По 3.500 денари за секој новозапишан ученик

Гостивар, 22 мај 2024 – Во Средното економско општинско Гостивар се организираше „Отворен ден“, настан на кој беа претставени образовните профили на ова училиште и можноста за стручно усовршување на завршените основци. Учениците заедно со нивните наставници прикажаа дел од стекнатите знаења и вештини во училишниот двор. На посетителите им беше претставена и можноста за практично учење, бидејќи учениците од ова училиште истовремено одат на пракса во реномирани компании.

Михајло Ѓиноски, директор на СЕОУ Гостивар, нагласува дека на учениците кои го избираат ова средно училиште со понудените образовни програми во текот на четиригодишното школување, многу лесно ќе се вработат или да отворат сопствен приватен бизниси. Како погодност, Ѓиноски напомена дека во ова училиште се доделува месечна стипендија од 3.500 денари.

– Завршените основци може да се запишат за изучување на профилите: економски техничар, техничар за е-трговија и дигитален маркетинг, техничар за гастрономија и правен техничар, изјави Ѓиноски. Тој напомена дека СЕОУ има современа инфраструктура, а наставниот кадар висококвалификуван.

– Со еден збор, нашите услови им ветуваат на учениците кои ќе се запишат во нашето училиште, стручно оспособување кое ќе им биде од голема корист во животот, особено за време на нивниот работен однос, посочи Михајло Ѓиноски, директор на средното економско училиште – Гостивар.

112

 

Коментарите се затворени.