Пуштено во употреба реконструираното невропсихијатриското одделение

Гостивар, 23 мај 2024 (МИА) – По речиси една година од почетокот на работите за подновување и реконструкција, денес на пригоден начин беше предадено во употреба невро-психијатрискиот оддел во општата болница „Ферид Мурад“ во Гостивар.

Првиот човек на оваа здравствена установа, Илбер Адеми посочи дека овој оддел бил единствениот кој не би реновиран од изградбата на болницата. Според него, пациентите и медицинскиот персонал добиваат попријатен простор за престој и лекување.

– По преземањето на директорската функција добив барање од медицинскиот персонал на овој оддел и по увидот решив да се сменат работите. Болничките соби, тоалетите и ординациите не беа на задоволително ниво. Одлучивме и на управен одбор со првите средства собрани средства да се прејде на целосно реновирање, рече директорот на болницата „Ферид Мурад“, Илбер Адеми.

Во реконструкцијата на одделението биле вложени близу четири милиони денари, пари издвоени од буџетот на болницата.

Благодарност во името на персоналот искажа и шефот на одделот д-р Гзим Исмаили кој напомена дека и покрај недостигот од лекарски персонал се трудат да им излезат во пресрет на пациентите.

– Секој ден во просек имаме околу петнаесетина пациенти кои се лекуваат. Вложуваме голем напор да ги згрижиме кај нас и да не препраќаме во Скопје, освен кога се работи за потешки патологија кои не можеме да ги третираме. Работиме со двајца невролози и тројца психијатри, а тоа не е доволно. Потребни ни се барем уште толку, рече Исмаили.

Невропсихијатриското одделение во гостиварската болница има капацитет од 26 болнички кревети и ги покрива услугите од секундарното здравство на подрачјата на општините Гостивар, Врапчиште и Маврово-Ростуше.

згм

 

Коментарите се затворени.