Арѓент Муча е нов директор на гостиварската општа болница
Гостивар, 3 јули 2024 – Доскорешниот директор на универзитетската клиника за ендокринологија дијабетес и метаболички заболувања Арѓент Муча, од денес раководи со општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар. Првите фотографии и честитки за новата функција можеа да се видат на социјалните мрежи, а смената во јавноста помина без помпа.
Информацијата ја објавија од Министерството за здравство потврдија дека ендокринологот Муча е назначен за в.д. директор на гостиварската болница.
Тој освен како лекар специјалист, работи и како асистент. По потекло е гостиварец и важи за активен поддржувач на политичките ставови на крилото од Алијанса за албанците блиски до Арбен Таравари.
Муча ја презема функцијата директор на гостиварската болница од урологот Илбер Адеми, кој по последните изборите беше разрешен од раководната позиција.
Коментарите се затворени.