Оштетување на јавен имот и дрвја на јавни површини е казниво
Гостивар, 15 јули 2024 – По добиената информација за оштетување на дрво на тротоар на улицата „Илинденска“ локалната самоуправа упати предупредување до граѓаните дека ваквите дејства се казниви доколку се спроведуваат „своја рака“ и без соодветно одобрение.
За случајот се заинтересира и вд градоначалникот Ваљбон Лимани кој со надлежниот комунален инспектор и полицијата излегле на местото на настанот. Од кабинетот на првиот човек на општината најавуваат остри казни како во овој случај така и против оние лица кои спротивно на законот уништуваат јавен имот. На сликите се гледа како дрво чија старост е над 15 години нема крошна и е без гранки во тек на вегетација.
– За сечење или отстранување на дрвја неопходна е проценка од страна на надлежните органи, затоа ги замолуваме граѓаните во случај некое дрво да предизвика проблеми попречува или слично да се обратат до општинските служби и органи, се наведува во извесувањето од општина Гостивар.
Коментарите се затворени.