Расчистено убиството во гостиварско Дебреше, лишени од слобода три лица.

Гостивар, 23 јули 2024 (МИА) – Три лица се лишени од слобода два часа по пријавата за убиство кое беше пријавено попладнево во гостиварското село Дебреше. Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи информира дека случајот е расчистен, а полициски службеници лишија од слобода три лица осомничени дека учествувале во престрелката.

– Веднаш по добиената пријава дека е пукано врз Р.К.(35) од Дебреше воспоставена е оперативна акција „обрач“ за пронаоѓање и лишување од слобода на сторителите. По кратко време, осомничените сторители се лишени од слобода. Станува збор за Б.В.(28), Ј. В. (31) и Љ.B.(32), информира портпаролот Фатмир Реџепи.

Тој потврди дека е пронајдена и автоматската пушка за која има сомнеж дека е користена во убиството. Првичните сознанија од местото на настанот се дека починатиот Р.К. бил застрелан по претходна расправија околу паркинг. Двајца браќа, негови соселани пред трагичниот настан го чекале пред неговиот дом и го застрелале. Набрзо по убиството, со возило „волво“ сторителите се оддалечиле од местото на настанот.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното ОЈО.

 

Коментарите се затворени.