Празничен концерт на ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ за Денот на државноста – Илинден

Гостивар, 31 јули 2024 – Градското културно-уметничко друштво „Браќа Ѓиноски“ утре 1 август 2024 (четврток) ќе одржи целовечерен концерт по повод одбележувањето на празникот, Денот на Републиката – Илинден.

Празничниот концерт, покрај програмата што ќе ја изведат членовите на „Браќа Ѓиноски и културно-уметничкото друштво „Брвеница“ од Брвеница, ќе биде дополнет со солистичките настапите на Теодора Матеска, Јовица Николоски и групата План Џи (Plan G).

 

– Овој настан го организираме традиционално со што придонесуваме во одбележување на најзначајниот датум во нашата историја за државноста. Годинава, покрај програмата со фолклорни мотиви ја збогативме со популарна и забавна музика. Радува и фактот што секоја година стекнуваме побројна публика, па така ја користам оваа прилика да ги поканиме сите гостиварци да дојдат и со нивното присуство да ја поддржат оваа иницијатива, вели Предраг Ристески претседателот на ГАКУД „Браќа Ѓиноски“.

Во програмата покрај песни, ќе бидат изведени и неколку традиционални сплетови од ора карактеристични за македонскиот фолклор и традиција. Настанот ќе се одвива летниот амфитеатар на кејот со почеток во 20:00 часот.

 

Коментарите се затворени.