Амбасадорот на Република Унгарија, Андраш Клајн во посета на Гостивар
Гостивар, 16 август 2024 – Амбасадорот на Унгарија во Северна Македонија, Андраш Клајн, во придружба на дипломатот Габор Радеши остварија посета на Гостивар. Унгарската делегација имаше средба со в.д. градоначалникот на општина Гостивар, Валбон Лимани со кого разговараа за можностите за продлабочување на соработката.
– Чест е што дипломати од овој ранг имаат интерес и обѕир кон нашиот град. Решивме да развиеме интензивна соработка, особено во културата, меѓу нашиот град и Унгарија. Сè е подобро со добри пријатели, рече Лимани.
Од службата за информирање на општина Гостивар посочија дека на средбата се разговарало за отворање на можностит за идна соработка на полето на евроинтегративниот процес на земјава, како и можноста за соработка со унгарски општини.
згм
Коментарите се затворени.