Со првата архиерејска литургија прославен празникот Преображение Христово во Гостивар.
Гостивар, 19 август 2024 (МИА) – Со првата архијерејска литургија во манастирот во гостиварската наслеба Циглана започна празнувањето на православниот празник „ Преображение Христово. На прославата претпладнево се придружи и претседателот на Владата на РСМ, Христијан Мицкоски.
Во чест на празникот, утрово митрополитот тетовско -гостиварски г.Јосиф со повеќе свештенослужители ја отслужи првата архијересјка литургија во манастирот чија изградба започна пред десет години.
Заради празникот во Гостивар денес имаше едноцрковие, а владиката Јосиф во храмот „Преображение Христово“ го изврши и чинот на благословување на лозовиот плод-грозјето и кумските лебови.
На покана од иницијативниот обдор за изградба на манастиорот во гостиварската населба Цигална се одзва и премиерот Христијан Мицкоски. Тој беше дел од црковно-народниот собир, кој традционално се организра во манастироскиот двор.
Во предвечерието на празникот, синоќа беше организирана музичка вечер настапи на естрадни ѕвезди, која беше масовно посетена од гостиварци.
186
Коментарите се затворени.