Напредуваат работите на улица од 400 метри во „шеста зона“
Гостивар, 21 август 2024 (МИА) – Локалната самоуправа и Бирото за регионален развој ќе ја зајакнат соработката и заеднички ќе реализираат инфраструктурни проекти во општина Гостивар. Ова беше договорено на работната средба помеѓу вршителот на должноста градоначалник на општина Гостивар, Ваљбон Лимани и директорот на Бирото за регионален развој, Даут Мемиши. Двајцата заеднички го посетија градилиштето во населбата шеста зона каде е во тек целосно уредување и изградба на улица во населбата „шеста зона“.
Од службата за информирање посочија дека на средбата се разговарало за тековниот проект кој се реализира во населба „шеста зона“ и за продолжување на соработката меѓу двете институции.
В.д градоначалникот Лимани, заедно со директорот на БРР, Даут Мемиши извршија увид во работите каде заеднички се инвестира во изградба на улица долга 400 метри со комплетна подземна инфраструктура и тротоари во населбата „шеста зона“.
Мемиши и Лимани по средбата искажаа задоволство од првата работна средна и се согласија дека соработката на општина Гостивар со институциите е важна и неопходна за да се подобрат условите за граѓаните.
згм
Коментарите се затворени.