Генерациски стебла: За секое прваче по едно дрвце во парк, училиштен двор (ВИДЕО)

Гостивар, 30 август 2024 – Општинскиот совет ја поддржа иницијативата на советничката група на СДСМ за зголемување на зеленилото во градот и поттикнување на децата на добри навики и грижа за животната средина. Предлогот на советниците на СДСМ кој го образложи Ема Нешковска беше: првачињата во Гостивар од оваа учебна година да се вклучат во акција за засадување на дрвца на слободни зелени површини. Во обраќањето пред останатите членови на советот Нешковска рече:

– Во време кога се повеќе сме опколени со згради, а се помалку со дрвја и зеленило, во името на советничката група на СДСМ предлагам да се дозволи децата запишани во прво одделение во општинските основни училишта да засадат дрвца во нивните училишни дворови. И секоја година да се садат онолку дрвца колку што има број на првачиња, рече Нешковска.

Околу самоодржливоста на оваа иницијатива, советничката од СДСМ појасни дека децата заедно со нивните учителки ќе се грижат за дрвцата коишто ги засадиле, а на крајот од нивното школување во основно училиште да остават нешто свое.

– На таков начин, ќе се создаваат генерациски стебла и ќе се помогне во зголемување на вегетацијата и зеленилото во градот, рече Нешковска.

Таа во предлог одлуката која доби поддршка од општинските власти побара да се да даде одобрение и да се обезбеди доволен број на садници, за секоја нова генерација која ќе почнува во прво одделение во општинските основни училишта. Доколку во училишните дворови нема доволно место за тоа, оваа пракса би можела да се пренесе на различни локации, а динамиката на садењето можат да си ја договорат и определат самите училишта во соработка со општината.

тука може да го погледнете видеото со обраќањето на Ема Нешковска

згм

Коментарите се затворени.