Координативен состанок на училишните управи и полицијата
Гостивар, 23 септември 2024 – Претставници на образовните институции и полицијата одржаа состанок на кој ја разгледуваа безбедноста во училиштата. На состанокот било разговарано за активностите и мерките кои треба да се спроведуваат во насока на откривање и спречување на девијантни појави кај малолетниците.
Меѓу поважните заклучоци беше и тој како препорака, учениците да се држат што подалеку од непознати лица кои доаѓаат околу училиштата, а оценка на локалната самоуправа е дека основните и средните училишта во општина Гостивар се безбедна средина.
Според Аслиан Снопче, одговорна за образование при општина Гостивар за да се намалат проблемите во училиштата, од минатата година во близина на секое училиште патролира полицаец, а општинските власти ангажираа агенции за обезбедување во секое основно и средно училиште.
– Посветуваме големо внимание на безбедноста на децата. Како општина обезбедивме агенции за обезбедување во сите средни училишта, а во соработка со МВР од минатата година полицајци во цивил се присутни во периодот кога наставата започнува, за време на долгиот одмор или попладне. Тоа значително помогна за безбедноста на учениците во училиштата, рече Снопче.
Освен патролите кои делуваат при спречување на тепачки меѓу ученици, полицијата ги проверува и непознатите и сомнителните лица кои се движат во близина на училиштата. Од СВР Тетово наведуваат и дека се спроведуваат едукативни проекти во училиштата.
– Во однос на безбедноста на учениците и нивното одење од дома на училиште и обратно, ОВР Гостивар има предвидено полициски патроли пред и околу основните и средните училишта. За да спречиме нарушување на јавниот ред и мир и непотребно движење на непознати лица низ училиштата, ние организиравме и одржавме неколку превентивни едукативни проекти поврзани со правните импликации на учениците и бројни контроли на нивното девијантно однесување како примарни и средношколци, што резултираше со намалување на различни конфликти меѓу нив, носењето на остри предмети и успеавме да ги минимизираме конфликтите на етничка или верска основа“, изјави Фатмир Реџепи – портпарол на СВР Тетово.
Преку педагошките служби, училиштата се обврзани да креираат едукативни планови за безбедност. Таков е примерот во едно од најбројните училишта ОСТУ – Гостивар, каде според директорот Бесир Салиу се посветува големо внимание.
– Педагошката служба која го спроведува наставниот план и воспитно-образовната страна е на вистинското ниво. Засега немаме препреки иако сме училиште со над 1000 ученици. Исто така, училишната управа одржува едукативни и наставни содржини за да се избегнат деструктивни елементи како меѓуврсничкото насилство, рече изјави Бесир Салиу, директор ОСТУ Гостивар.
На средбата на која присуствуваа раководители на училиштата и наставниците, советите на родители, локалните власти и претставници на полицијата од Секторот за превенција, беше апелирано до учениците да се држат што подалеку од деликвентно однесување и луѓе кои доаѓаат со злонамерни цели и да ги почитуваат правилата за однесување во училиштата.
Коментарите се затворени.