Локалната администрација Гостивар учи како да се заштити од сајбер напади
Гостивар, 19 септември 2024 – Небезбедна лозинка, отворање на сомнителни содржини испратени преку електронска пошта (e-mail) може да придонесат за сајбер напади и да ги загрозат личните податоци граѓани кои бараат услуги од администрацијата. Ова беше речено на еднодневната обука за заштита од сајбер напади наменета за вработени во администрацијата на општина Гостивар и други институции на локално ниво, која се одржа во младинскиот ресурсен центар iCan.
Ваљон Даути, специјалист и консултант за сајбер безбедност, смета дека на ваков начин административците ќе стекнат основни знаења за заштита од сајбер ризици и креирање на побезбедна дигитална средина за Гостивар.
Обуката доаѓа на иницијатива на в.д градоначалникот Ваљбон Лимани, кој истакна дека локалната самоуправа на Гостивар е меѓу првите во земјава која работи на сајбер безбедноста.
– Оваа обука е корисна за нашата општинска администрација особено кога се соочуваме со предизвиците во модерното време и сајбер нападите. Верувам дека многу ќе им помогне на нашите административни службеници да знаат како да се заштитат, но и да помогне при заштита на податоците што ги поседуваме како општина, изјави Лимани.
Во период кога фаќаме чекор со дигитализација на јавните институции, на заштитата од сајбер напади треба да ѝ се даде големо значење, смета Ермира Идризи, тренер и професор по компјутерски науки во УЈИЕ (Штулов универзитет). Таа нагласува дека ризикот е поголем во институциите од моментот кога корисниците ќе се поврзат на интернет со кој било електронски уред.
– Сајбер безбедноста треба да започне од моментот кога почнуваме да комуницираме преку интернет, кога всушност стануваме потенцијална мета. Кога станува збор за државните институции кои собираат лични податоци на граѓаните, како во случајот општина Гостивар, сметам дека оваа обука е добредојдена. Низ ваквите обуки, вработените низ практични примери ќе научат како да се заштитат, бидејќи сите институции ќе се дигитализираат. Ако сме чекор понапред со сајбер безбедноста, верувам дека ќе го достигнеме нивото на дигитализација како што треба, рече Ермира Идризи.
Коментарите се затворени.