Теренска вакцинација од понеделник на три пункта
Гостивар, 9 јули 2021 Секој што е заинтересиран од гостиварскиот регион ќе може да се вакцинира без најави и закажување. Од понеделник започнува теренската вакцинација на три локации. Освен во главниот (градската болница), од понеделник 12 јули па наредните два дена, граѓаните против КОВИД19 ќе се вакцинираат во амбулантите во Чегране и Врапчиште, инфомрираат од Здравствен дом Гостивар.
Распоредот по кој ќе се врши теренското вакцинирање е утврден и се очекува тоа да се направи и за регионот околу Неготино Полошко.
– Од понеделник нема потреба од закажување и пријавување за термини, како што досега беше во пунктот во модуларната болница. Од 12 јули во амбулантата во Чегране освен тамошните жители може да се вакцинираат и жителите на Форино и околните села. Мобилна екипа ќе вакцинира во селото Тумчевиште. Тимовите ќе бидат присутни и во Врапчиште каде може да се вакцинираат жителите од тој регион. Очекуваме да добиеме и насоки за отворање на пункт во Неготино, рече д-р Дафина Богданоска Координаторката на пунктот за масовна вакцинација.
За да се избегнат турканици и мешаници, таа апелира граѓаните да одат во најблиските места и според местото на живеење и нема потреба да доаѓаат до градот.
Здравствените работници оценуваат дека вакцинирањето во Гостивар и околината бројката на вакцинирани надминува седум илјади, а само во последните две недели за имунизација се јавиле речиси пет илјади.
Д-р Богданоска информира дека во моментов на располагање се два типа на вакцини: Синовак и Астра/Зенека.
Во државата вкупно се аплицирани 640.886 дози вакцини, а ревакцинирани се 240.651 граѓани. Министерот за здравство Венко Филипче најави дека денес пристигнуваат 100 илјади вакцини на АстраЗенека, донација од соседна Грција.
згм
Коментарите се затворени.