Фатен сторител на повеќе кражби, „паднал“ по кражба на ауди-3
Гостивар, 21 октомври 2021 Полицијата лишила од слобода жител на селото гостиварското село Вруток, под сомнение дека е сторител на повеќе кражби. Откриен е по расчистување на пријавена кражба на возило во Гостивар.
Според СВР Тетово, вчеравечер (20 октомври) околу 23 часот и 30 минути, полициски службеници го лишиле од слобода Ф.И. (31) од гостиварски Вруток, поради сомнение дека е извршител на повеќе кражби и тешки кражби на подрачјето. За него постои сомнение дека ја извршил и вчерапријавената кражба на патничко моторно возило „Ауди А3“ сопственост на гостиварецот К.П.(26), кое било паркирано на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар.
Подоцна, возилото било пронајдено на улица „Никола Парапунов“ во Гостивар, додека кај Ф.И. пронајдени и одземени се повеќе предмети кои се наоѓале во возилото.
Ф.И. е задржан во Полициската станица Гостивар и се расчистува и документира случајот, по што против него ќе биде изготвен соодветен поднесок. згм
Коментарите се затворени.